На АЛБ ТВ може да и биде одземена дозволата

Претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефановски

Мониторингот на Советот за радиодифузија утврди дека сателитската телевизија АЛБ на албански јазик од 23 август, 2011 година самоволно престанала да емитува програма, без да го информира СРД. Советот изразува загриженост за самоволниот прекин на програмата, што би можел да резултира со одземање на дозволата. На седницата в понеделик членовите на СРД ќе ја разгледаат информацијата за работењето и исполнувањето на условите од дозволата АЛБ ТВ. Во соопштението е наведено дека екипа на СРД била испратена на терен во објектот на АЛБ ТВ, но наишла на затворени врати.