Лондон и Москва ќе ги подобруваат односите

Средбата на Лавров и Хаг

Британскиот премиер Дејвид Камерун на 11 септември ќе допатува во Москва, по покана на рускиот претседател Дмитри Медведев, соопшти Кремљ. Ова ќе биде прва посета на британски премиер по проблемите од 2006-тата година поврзни со бившиот руски таен агент Александар Литвиченко. Во обид за подобрување на односите меѓу Лондон и Москва во февруари во Лондон се сретнаа рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров и неговиот британски колега Вилијам Хаг.