Газпром со инвестиција од 100 милиони долари во Киргистан

Шефот на Газпром Алексеј Милер денеска во Бишкек соопшти дека компанијата наскоро ќе почне со геолошки истражувања во Киргистан за кои ќе потроши 100 милиони долари. Тој денеска се сретна со премиерот Алмаз Атамбаев за да разговара околу деталите за договорот. Милер изјави дека со инвестицијата што планира да ја вложи руската Газпром во Киргистан покажува дека има верба во долгорочната стабилност на Киргистан и дека наскоро земјата ќе стане атрактивна за инвеститори.