Во Иран обесени 4 дилери на дрога

Иран - весникот Шарг

Во затворот Керман во Иран се обесени 4 дилери на дрога, објави весникот Шарг.
Оваа година во Иран, според АФП, се егзекутирани 184 лица досега. Исламската Република е втора земја по извршени егзекуции по Кина во 2010 година.
Според Техеран, смртната казна за убиства, силувања, вооружени грабежи и трговија со дрога се клучни за одржување на редот и законот.