Шефот на грчката дипломатија во посета на Србија

Грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис денеска ќе престојува во Белград, каде што ќе се сретне со својот српски колега Вук Јеремиќ, а ќе биде примен и од претседателот Борис Тадиќ. Во рамките на својата балканска турнеја, шефот на грчката дипломатија во Белград доаѓа од Загреб, а утре ќе отпатува за Приштина, каде што ќе се сретне со косовскиот премиер Хашим Тачи.