Ештон: дијалогот Белград-Приштина треба да продолжи

Јахјага и Ештон

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изјави дека Брисел не е задоволен од одлуката на косовските власти да испратат специјални полициски единици во Северно Косово. Се надеваме дека оваа еднострана операција нема да се повтори, истакна Ештон на вчерашната средба со косовскиот претседател Атифете Јахјага. Таа побара од Јахјага да продолжи добрата соработка со сите заедници на Косово, како и со мисиите на ЕУЛЕКС и на КФОР. Според неа, дијалогот меѓу Белград и Приштина довел до одредени резултати и двете страни треба да продолжат во истиот дух.