Бан Ки Мун го осуди насилството во Сирија

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун денеска остро го осуди насилството врз демонстрантите во Сирија, кои протестираат против режимот на претседателот Башар Ал Асад. Тој денеска изјави дека Асад мора да преземе мерки пред да биде предоцна, затоа што со секој изминат ден се зголемува бројот на загинати луѓе. Според податоците на Обединетите Нации во петмесечните протести загинале најмалку 2200 луѓе. Активисти за човекови права информиираат дека и денеска оклопните возила на безбедносните сили патролиратт по улиците на градот Хомс и како што е наведено во нивните извешати, пукаат во се што се движи.