Билер: Во Северно Косово се уште постои голем ризик од насилство

Командантот на мировната мисија на КФОР во Косово Ерхард Билер

Командантот на мировната мисија на КФОР во Косово Ерхард Билер денеска оцени дека во северниот дел на Косово се уште има голем ризик од насилство. Тој додаде дека заканите за блокада на патиштата за возила на КФОР доаѓаат „од криминалните кругови, а не од политичарите“. Билер смета дека во Северно Косово треба да се разграничат криминалните и радикалните структури од мнозинското население кое се залага за мир и стабилност. Тој истакна дека последниве денови КФОР ги затворил алтернативните патишта за шверц на гориво, а српските безбедносни сили го направиле истото од својата страна на границата.