Адвокатите на Перишиќ најавија жалба за пресудата

Адвокатите на поранешниот началник на Генералштабот на војската на Југославија Момчило Перишиќ најавија денеска дека ќе поднесат жалба поради пресудата на Хашкиот Трибунал со која Перишиќ е осуден на 27 години затвор. Адвокатите сметаат дека водењето војна не е злосторство според меѓународното право. Откако Судот во Хаг денеска ја изрече пресудата се огласија и министерот за одбрана на Србија и директорот на центарот за истражување на воените злостортва во република Српска, кои соопштија дека казната затвор од 27 години е превисока. Перишиќ беше обвинет за помагање и поддржување на убиства и прогони на несрпски цивили во Босна и Херцеговина и Хрватска.