Судот го затвори случајот „Мавровски работници’

Основен суд Скопје

Судот во Скопје денеска официјално го затвори случајот „Мавровски работници“. Судот донесе одлука да се запре постапката по барање на обвинителството кое се повикува на автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија. Тоа значи дека се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од казна затвор осомничените за дела поврзани со конфликтот во 2001-та година. До уставниот суд се поднесени преставки за автентичното толкување на Законот за амнестија но судот до сега не се изјаснил за нив. Случјаот „ Мавросвки работници“ е единствен за кој почна судски процес. Тој е еден од 4 те случаи кои Хашкиот трибунал им ги врати на македонските судови.