Израелскиот министер за одбрана ги повикува на воздржаност и Турција и Израел

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак

Ираелскиот министер за одбрана Ехуд Барак денеска ги повика на воздржаност и Турција и Израел. Тој изјави дека сега тоа се две најсилни и многу важни држави во регионот и кога имаат недоразбирања, а како што вели, имаат неколку недоразбирања, тие треба да се однесуваат разумно. Тој додаде дека ова им го препорачува и на двете страни. Неговите кометари следуваат откако тусркиот министер за надворешни работи Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ги замрзнува трговските односи и соработката на турската воената индустрија со Израел. Ваквиот туски став следува по протерувањето на изралскиот абасадор во Турција кој не сакал да се извини за инцидентот од 2010 година кога турски брод пробал да ја пробиел израелската блокада на Газа, при што загинаа 9 Турци. Заклучокот од извештајот на Обединетите Нации е дека Израел употребил „ прекумерна сила“ при инцидентот , а блокадата на Појасот Газа е оцената како легална постапка