Штрајк во Италија против планот за штедење

Силвио Берлускони

Десетици илјади работници денеска штрајкуваат во Италија во знак на протест против мерките за штедење предложени од владата на премиерот Силвио Берлускони. Штрајкот што e оргaнизиран од најголемиот синдикат предизвика големи проблеми во јавниот превоз и јавните услуги. Владата на Берлускони прифати нацрт-план со кои би се заштедиле над 45 милијарди евра. Планот се очекува да биде одобрен од парламентот кон крајот на месецов.