Вестервеле: Прашањето за името треба да биде највисоко на политичката агенда

Kosovo -- President Atifete Jahjaga meets with German Foreign Minister Guido Westerwelle (L) in Pristina, 11Aug2011

Македонија може да смета на Германија кога станува збор за една јасна перспектива во правец кон Европа. Ова денеска го изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле по средбата со неговиот македонски колега Никола Попоски во Берлин. Вестервеле додаде дека на Македонија и претстои голема работа, пред се решавање на прашањето за името за кое, како што вели, треба да е највисоко на политичката агенда. Тој истакна дека потребни се реформите во областа на судството, деловната сфера, како и справувањето со корупцијата и организираниот криминал, напредокот во внатрешното и надворешното помирување бидејќи, како што вели, Европа е симбол на соработка и мирно решавање на конфликти. Поповски се заблагодарил за отвореноста на дијалогот со својот германски колега и поддршката што Германија веќе 20 години и ја дава на Македонија.