Словенечкиот претседател Данило Тирк денеска во Будва изјави дека Црна Гора, по Хрватска, ќе биде следна држава од просторите на поранешна Југославија која ќе стане полноправна членка на ЕУ.Тирк смета дека Црна Гора значително напреднала на патот кон европските интеграции, но дека уште работа има пред неа. Тој додаде дека Црна Гора може да смета на целосна поддршка и помош на Словенија на патот кон ЕУ.