Кина ги демантира наводите за зделка со оружје со Гадафи

Кинескиот министер за надворешни работи денеска ги демантираше наводите во светски познати весници во кои пишува дека кинески компании кои се во државна сопственост му понудиле да му продадат на Моамер Гадафи оружје во вредност од 200 милиони долари, и покрај санкциите од Обединетите Нации. Во соопштението од министертвото е наведено дека во Пекинг во јули имало средби на кинеските компании со претставници на Гадафи, но не е потпишан ниту еден договор. Светски познатите весници Њујорк Тајмс и канадски Глоуб пишуваа за обидот на кинески фирми да му продадат оружје и муниција во вредност од 200 милиони долари на Гадафи кон крајот на јули.
Кина е една од неколкуте земји што се уште не го признала Националниот преоден совет за легитимен претставник на либискиот народ.