Екс премиерот на Исланд пред суд за негрижа

Island - Reykjavik

Поранешниот Премиер на Исланд Геир Хаарде е обвинет за негрижа за финасискиот колапс на 3 банки што предзвика економска криза на земјата во 2008 и се соочува со можен судски процес.
Според Хаарде, станува збор за политичка фарса поради што адвокатите ќе побараат случајот да биде отфрлен.
Ако тоа не се случи, тој ќе биде прв политичар кој се појавува пред специјален суд за владини министри и ако биде прогласен за виновен ќе се соочи со максимална казна од 2 години затвор.