Нови жртви во Сирија

Syria

Според известувањата, во Сирија вчера имало нови 12 жртви на режимот на Башар ал Асад убиени од безбедносните сили во централниот дел на земјата. Според државната агенција САНА, најмалку 9 лица од кои 6 војници загинале во заседа на вооружена „терористичка група“ во централна Сирија. Во Дамаск пак вчера Претседателот на Меѓународниот Црвен Крст Јакоб Келенбергер беше на разговори за да добие дозвола на затворениците на режимот да им се даде медицинска помош. Од протестите во Март над 2200 лица загинаа а над 10 илјади се затворени.