Шефот на дипломатијата Попоски во посета на Германија

Средба на Министерот за надворешни работи НР Никола Попоски со претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ во Загреб

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска и утре ќе престојува во работна посета на СР Германија.
Во рамки на посетата, министерот Попоски ќе оствари средба со својот германски колега Гидо Вестервеле. На средбата се очекува да бидат разменети мислења за политичките и економските односи и соработката меѓу двете земји, процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, како и за регионалните и мултилатералните прашања.