Вооружени престрелки меѓу безбедносните сили и демонстрантите во Сирија

Активисти за човекови права тврдат дека сириските сили денеска убиле уште 8 цивили , додека сириските власти тврдат дека вооружени банди нападнале автобус со воени лица при што загинале 9 луѓе. Станува збор за два оддвоени напади во Хама. Безбедносните сили во последниве неколку денови го зголемија бројот на рации и апсења на демонстранти. Според Обединетите Нации во Сирија до сега загинале над 2 200 луѓе во протестите против режимот на Башар Ал Асад.