Ураганот „Катја“ можна закана за САД

Ураганот „Катја“ забрзано се движи низ Атлантикот преминувајќи во втора категорија на бури соопшти Американскиот центар за урагани.„ Катја“ со себе носи ветрови од 160 километри на час. Во соопштението е наведено дека се уште е рано да се оцени дали ураганот е закана за источниот брег на САД.