Нимиц: Нема нов предлог додека двете страни не покажат сериозен интерес

Медијаторот Метју Нимиц

Во изминатите 20 години имаше моменти кога или кај Атина или кај Скопје имаше волја и флексибилност за прифаќање компромис, но никогаш во исто време. Ова во интервју за грчкиот весник „Катемерини “ го изјави посредникот на ОН во грчко - македонските преговори за името Метју Нимиц. Тој изјави дека засега не планира да излезе со нов предлог, се додека, како што вели, не се добијат гаранции од двете страни дека има сериозен интерес за таков чекор односно сериозна шанса да биде прифатен како основа за преговори. Нимиц додава дека досега на маса биле тавени многу идеи кои заслужуваат да бидат разгледани преку дијалогот што се води во ОН или билатерално. Нимиц ги поздрави билатералните контакти на премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу но како што вели „ едно се добрите лични односи, а друго е вистински договор“