Кралев: Наставниците ќе добијат решенија на неопределено време

Министерот за образовование Панче Кралев

На сите оние наставници што ги исполнуваат условите од законот ќе им биде трансформиран работниот однос на неопределено време. Ова денеска го изјави минситерот за образование Панче Кралев. Тој додаде дека се уште е непознат бројот на наставници кои немаат решенија за неопределно време. Кралев истакна дека некои од општините доцнат со доставување на потребните информации.