Филе:Најповолни услови до сега за решение на спорот со името

Убеден сум дека услови за договор за спорот со името има, и дека сега тие се најдобри отколку што ќе бидат кога и да е. Ова го изјавил еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервју за весникот „Нова Македонија“ кој ќе биде објaвен утре, пренесува новинската агенција МИА. Тој додава дека политичката реалност е дека ЕУ нема да го увезе овој проблем, тој прво мора да биде решен. Утрешната посета на Филе на Скопје „ не е рутинска “Во врска со извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2011 година, кој се очекува на есен, Филе изјавил дека „Извештајот не е како испит. Тој е повеќе како огледало. Едноставно покажува што правела земјата“. Според најавите, Штефан Филе утре доаѓа во Македонија за да учествува на конференција по повод десетгодишнината од Рамковниот договор и да се сретне со македонскиот државен врв.