Вооружени престрелки во Сирија

Најмалку 9 луѓе загинале денеска при вооружена престрелка во Сирија, јавуваат новинските агенции. Автобус кој превезувал војници и работници бил мета на вооружена група која го чекала во заседа. При нападот се ранети 17 луѓе,меѓу загинатите се и 6 воени лица.