Албанија ќе отвори конзулат во Хондурас

Претседателот на Хондурас, Порфирио Лобо Соса и неговиот албански колега Бамир Топи по денешната средба во Тирана го изнесоа зедничкиот став за унапредување на соработката во сите области, која набрзо ќе резултира со отворање конзулати во двете земји. Соса истакна дека ќе се ангажира за унапредување на билатералните односи и соработката, а во врска со косовското прашање, нагласи дека легитимно право на косовскиот народ е да живее слободно, суверено и независно. Топи оцени дека иако двете земји, географски се многу далеку една од друга, оваа дистанца не треба да биде пречка за градење добри билатерални и мултилатерални односи.