Невреме во Јапонија, 15 луѓе загинале

Најмалку 15 луѓе загинале денеска во Јапонија при невремето што го предизвика тајфунот „ Талас“ а најмалку 43 луѓе се водат за изчезнати. Јапонските власти соопштија дека издале наредба за евакуација на 460 илјади луѓе во западниот и централниот дел на Јапонија кои се на директен удар на тајфунот. Голем дел од улиците во таа област се поплавени.Според податоците на Метеоролошката служба ова е 12-то невреме, сезонава која го зафати тој регион.