Иранската гарда убила курдски бунтовници

Иранската новинска агенција ИРНА јавува дека револуционерната гарда на Иран убила или повредила над 30 курдски бунтовници членови на партијата за „Слободен живот во Курдистан“. Нападот се случил синоќа на планинската граница со Ирак. Оваа партија е дел од Курдската работничка партија со седиште во Турција и неодамна беше цел на турските воздушни напади. Жителите тврдат дека синоќа се воделе жестоки битки во близина на ирачкото село Соне.