Почина кубанскиот министер за одбрана

Поранешниот претседател на Куба Фидел Кастро

Куба соопшти дека вчера министерот за одбрана Хулио Касас починал на 75-годишна возраст од срцев удар.Во Хавана понеделник е прогласен за ден на жалост поради смртта на Касас кој е еден од учесниците во револуцијата со која е соборена диктатурата на Батиста во 1959 година. Се уште не е објавена информацијата, кој ќе го наследи функционерското столче. Кубанските медиуми јавуваат дека со смртта на Касас е отвара прашањето за старото раководство на Куба во кое дел од фукционерите заедно со претседателот Кастро се на 80 годишна возраст.