Строс Кан се врати победнички во Франција

Поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс Кан денеска се врати во Франција откако обвинението за сексуално насилство Судот во Њујорк го отфрли. Претходно Строс Кан поднесе оставка од фунцијата во ММФ веднаш по започнувањето на судскиот процес против него. Пред една недела судијата ги отфрли сите обвиненија против него откако обвинителите изразија сомнежи за кредибилност на сведочењето на собарката која тврдеше дека Кан се обидел да ја силува.