Косовската полиција е одговорна за границата со Црна Гора

Косовска полиција

Полицијата во Косово денеска ја презеде надлежност на КФОР за обезбедување на граничната линија со Црна Гора.
Мировните сили на КФОР во Пеќ ја предадоа командна одговорност на косовската полиција на околу 80 км. гранична линија со Црна Гора.
Полицијата на Косово претходно презеде контрола врз граничната линија со Албанија и Македонија. КФОР останува надлежен за контрола на административната линија со Србија. За дел од границата со Црна Гора се уште не завршен процес на демаркација.