Тадиќ: Србија не се откажува ни од Косово ни од ЕУ

Српскиот претседателот на Борис Тадиќ изјави денеска дека Србија нема да ги укине своите институции на северот на Косово. Тој додаде дека јасно и го кажал и на германската канцеларка Ангела Меркел оти тоа не се паралелни институции туку тоа се институции избрани на демокартски начин.На седница на главниот одбор на Демократската партија, Тадиќ истакна дека Србија не смее да го запре процесот за евроинтеграции бидејќи во тој случај граѓаните би ја платиле највисоката цена и тие се единствен услов за изнаоѓање на практично решение за проблемите со Косово.