Бунтовниците ги опколиле про-Гадафи градовите и чекаат бело знаменце

Лидерот на либискиот Национален преоден совет Мустафа Абдул Џалил денеска изјави дека бунтовничките сили ги опколиле градовите кои се под контрола на подржувачите на Моамер Гадафи. Тој на прес конференција изјави дека бунтовниците ќе продолжат со опсадата се додека не истече крајниот рок што им го дадоа на лојалистите на Гадафи за да се предадат. Тој додаде дека бунтовничката војска ги снабдува со хуманитарна помош градовите Сирте, Бани Валид, Џуфра и Сабха, но не попуштаат со опсадата и очекуваат мирно предавање на власта.