Турција со предизвик за Израел во Хаг

Ахмет Давитоглу

Турција се подготвува да го предизвика Израел на Меѓународниот суд за правда. Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давитоглу во интервју за државната турска телевизија изјави дека Анкара не ја признава израелската блокада на Појасот Газа и дека и ќе почне судска постапка за проверка на легалноста на тој потег во Хаг следата недела. Неговите коментари следуваат по обидот на генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун да ги подобри односите на поранешните сојузници Израел и Турција со цел подобрување на процесот на Блискиот Исток. Во петокот Турција протера израелска делегација од Анкара.