Регионален самит на шефови на држави на Југоисточна Европа

Ѓорѓе Иванов

Денеска почнува деветтиот Регионален самит на шефови на држави на Југоисточна Европа, кој годинава го организира Република Србија во соработка со УНЕСКО. На настанот ќе присуствува и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. „Современата уметност и помирувањето во Југоисточна Европа“ е тема на самитот, кој ќе се одржи во археолошкиот локалитет Виминациум кај Костолац, 100 километри југоисточно од Белград. Домаќин на собирот е српскиот претседател Борис Тадиќ, со кого Иванов се очекува да има билатерална средба. Поканети да учествуваат се претседателите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Молдавија, Црна Гора, Словенија и Турција, како и генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова.