Гадафи со нова порака

Либиските бунтовници го продолжија рокот кој им го дадоа на поддржувачите на Моамер Гадафи во градот Сирте, да се предадат. Рокот кој првично требаше да истече во сабота е продолжен за една недела.
Во последната аудио порака Гадафи тврди дека неговите поддржувачи нема да се предадат и дека тие што се борат против него ќе бидат победени. Информацијата дека постои нова аудио порака од Гадафи ја објави телевизијата Ал Арабија.