Ставревски:Економската состојба во Македонија стабилна

Економски Совет

Нема посериозен фактор што би го загрозил финансискиот сектор, држвата има умерено ниво на задолженост и помага да се задржи финансиската и економската стабилност во земјава . Ова е заклучокот од првата седница на Комитетот за финансиска стабилност, ново владино тело што го сочинуваат претставници од министертвото за финасии и Народната Банка. Гувернерот на Народната Банак Димитар Богов по состанокот изјави дека ситуацијата во банкарскиот сектор е стабилна, тој е е добро капитализиран и со одлична ликвидност. Тој додаде дека инфлацијата според проекциите на Народната банка се стабилизира и оти до крајот на годината не очекуваат натамошен пораст Министерот за Финансии Зоран Ставревски изјави дека нивото на државнито долг како еден проблем со кој се соочуваат некои од европските земји во Македонија е под контрола со 25,5 проценти во БДП, буџетскиот дефицит заклучно со август е 2,05 проценти од БДП, што значи дека е во рамки на планираното. Гувернерот на НБРМ Димитар Богов оцени дека ситуацијата во банкарскиот сектор е стабилна.