Казахстан со построгa контрола врз верските организации

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев денеска повика на построга контрола на религиозните групи бидејќи, како што вели, неопходно е да се заштити државата од екстремизам. Изјавата на Назарбаев следува откако безбедносните сили убиле еден осомничен и 18 други се приведени под сомнение за планирање терористички напади. Назарбаев додаде дека новиот закон нема да влијае на слободата на религиското определување. Главниот исламски лидер во Казахстан Каират Лама Шариф изјави дека сите верски организации ќе треба да извршат пререгистрација. Полицијата стартуваше акциите во потрага по исламистички милитанти откако во мај годинава бомбаш-самоубиец се разнесе во административната зграда во Актобе.