Арифи: Очекувам добра средна оценка од ЕУ

Macedonia - Meeting of Vice President of Government Affairs for European Teuta Arifi with former Deputy Prime Minister for European Integration, 25Aug2011

Вицепремиерката за европски прашања, Теута Арифи денеска изјави дека очекува извештајот од Европската комисија за напредокот на Македонија да биде реален со некоја добра средна оценка затоа што и двете страни имаат причина да бидат задоволни од сработеното. Таа додаде дека до надлежните во ЕК се доставени одговорите на сите прашања и задачи што го доби Македонија во пресрет на објавувањето на извештајот. Арифи испратила писмо до грчкиот заменик премиер Теодорос Пангалос во кое како што вели се содржани добри намери и идеи за соработка. Во врска со престојната можна средба на двајцата премиери на Македонија и Грција, на маргините на годишното собрание на Обединетите Нации во Њујорк , Арифи истакна дека албанскиот политички фактор во земјава не врши притисок туку даваат максимален придонес да има не само решение за спорот, туку и да се забрзаат што повеќе евроатланските интеграции.