ЕУ укина дел од санкциите за либиските компании

Европската унија одлучи да ги укине санкциите кон 28 либиски компании, меѓу кои банки, пристаништа и фирми за гас и нафта. Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон, денеска изјави дека Унијата ја донесе таа одлука со цел да и помогне на привремената либиска влада да обезбеди средства и може либиската економија повторно да фунционира. Одлуката е објавена пред почетокот на денешното оддржување на меѓународната конференција на „Пријателите на Либија“ во Париз. На конференцијата се очекува да присуствуваат делегациии од 60 земји и меѓународни институции