Министерот Никола Попоски во Бугарија

Никола Попоски

Во дводневна посета на Бугарија престојува министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски.
Попоски и неговиот домаќин - шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов, денеска ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на европската и евроатлантската интеграција. Документот претставува основа врз која ќе се одвива билатералната соработка на патот кон целосно и полноправно членство на Македонија во европските и евроатланските структури.
Освен со Младенов, Попоски ќе се сретне и со претседателот на Народното Собрание на Бугарија Цецка Цачева, како и со министерот за култура Вежди Рашидов.
На средбите во Софија, како што најави македонското МНР, ќе бидат разгледани можностите и иницијативите за натамошен развој и унапредување на соработката меѓу Македонија и Бугарија во сите области од заемен интерес, како и на регионален и мултилатерален план.