„Стандард и Пурс“ со предупредување до Русија

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандарт и Пурс “ денеска ја предупреди Русија дека битките во пресрет на преседателските избори кои треба да се оддржат догодина, претставуваат ризик за руската економија. Агенцијата соопшти дека до март 2012 година очекува да се донесе одлука во партијата Обединети за Русија дали претседателот Дмитри Медведев или премиерот Владимир Путин ќе биде кандидат на претседателските избори. Претходно и двајцата членови на владечката партија изјавија дека нема да се кандидираат еден против друг. Додека се чека на нивната одлука, Русија се соочува со растечки одлив на капитал. Агенцијата за сега не направи промени во нивниот рејтинг и ја пофали владата за оддржувањето на буџетскиот дефицит на ниско ниво.