Додик нема да дозволи БиХ да ја признае палестинската држава

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека го поддржува мирот и стабилноста на Блискиот Исток, вклучувајќи и решавање на отворените прашања меѓу Израел и Палестинците, нo нема да дозволи институциите на Босна и Херцеговина да донесат одлука за признавање на палестинската држава. Додик денеска во Бања Лука разговараше со амбасадорот на Израел во БиХ, Давид Коен. Тој додаде дека Рeпублика Српска е политички, економски и институционално стабилна и посветена на Дејтонскиот мировен договор.