Првото обвинение против Санадер е за „Хипо Банка“

Канцеларијата за спречување на корупција и организиран криминал го покрена првото обвинение против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер. Обвинението е поврзано со случајот „Хипо банка“, за кој Санадер е обинет дека земал околу 500 илдји евра мито и ја злоупотребил својата тогашна функција министер за надворешни работи. Санадер на вчерашното испрашување во загребскиот притвор Реметница пред пред истражниот судија ги негираше сите обвиненија за земање поткуп.