Сиријската армија и натаму активна против демонстрантите

Сиријските сили продолжуваат со акциите за задушување на анти-владините протести. Во градот Хама, со подршка на тенкови, биле пребарувани куќи, а се слушале и истрели. До новите насилства доаѓа откако вчера владините сили убиле 4-ца демонстранти во провинцијата Дера. Амнести интернешнел соопшти дека во последниве месеци значително бил зголем бројот на смртни случаи во сиријските затвори.