Силите лојални на Гадафи нема да го предадат Сирт

Поддржувачите на Моамер Гадафи ќе го отфрлат ултиматумот на бунтовниците да го предадат до сабота родниот град на Гадафи- Сирт. Портпаролот на Гадафи, Муса Ибрахим изјави дека достоинствениот и чесен народ нема да прифати ултиматум од вооружени банди.
Во меѓувреме, членот на Преодниот национален совет Али Тархуни изјави дека бунтовниците имаат јасна претстава каде се наоѓа Гадафи, додавајќи оти не се сомневаат дека тој ќе биде уапсен.