Почнува 68-от филмски фестивал во Венеција

Од отворањето на ланскиот фестивал во Венеција

Со проекцијата на политичката драма „Мартовски иди“ во режија на Џорџ Клуни, денеска почнува 68-от меѓународен филмски фестивал во Венеција. Во конкуренција за наградата „Златен лав“ ќе бидат прикажани 22 филма, од кои 5 се од американски автори, а по три имаат Франција, Италија и Велика Британија.