Времето претпладне сончево, попладне нестабилно

Во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура се движи од девет до 18, а максималната ќе биде меѓу 26 и 33 степени.
Во Скопје се очекува да биде умерено облачно, попладне со слаби услови за краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.