ЕУ: Позитивен чекор за Белорусија е ослободување на политичките затвореници

Европската унија реагираше ладно на предлогот на белорускиот претседател Алаксадар Лукашенко за разговори на тркалезна маса меѓу владата и опозицијата. Лукашенко вчера изјави дека е потребно да се подобри состојбата во земјата која е вовлечена во длабока економска криза. Потпаролот на Европската Комисија Џон Кланси за белорускиот сервис на Радио Слободна Европа изјави дека се надева оти предлогот на Лукашенко е позитивен знак затоа што како што вели сериозен политички дијалог би претставувало ослободување на политичките затвореници.
Во меѓувреме министрите за надворешни работи од нордиските и балтичките земји во заедничко соопштение изразија голема загриженост за состојбата во Белорусија и повикаа на итно ослободување на политичките затвореници. Десетици опозицсики политичари вклучувајќи и претседателски кандидати беа притворени поради учество во протестите по претседателските избори.