Дебата за извештајот за Косово во Советот за безбедност на ОН

Вршителот на должноста шеф на мисијата на УНМИК Фарид Зарид во својот говор пред Совветот за безбедност на Обединетите Нации изјави дека последните случувања во Косово покажуваат оти Белград и Приштина со својата реторика „испраќаат пораки на доминациај и поделба“ што дополнително ја зголемува недовербата меѓу населениото во Косово. Тој додаде дека причините за инцидентот само покажуваат оти во таа областа се уште има нерешни прашања. Од друга страна пак српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ го повика Советот да испрати јасна порака дека едностраните акти на Косово се целосно неприфатливи. Toj додаде дека ситуацијата во регионот е помалку безбедна што е директна последница на едностраните чекори на Приштина, и Kосово треба да се врати на статус кво. Jеремиќ ги демантираше наводите дека дијалогот меѓу Белград и Приштина , што беше закажан за 20 јули беше одложен од страна на Србија.