Груевски е подготвен за средба со Папандреу

Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Панче Кралев на пуштање во употреба на училишна спортска сала во ОУ „Крум Тошев“ во Трубарево

Премиерот Никола Груевски денеска изрази подготвеност за средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу на маргините на годишното собрание во Њујорк . Тој додаде дека не зависи само од него дали ќе се сретне со неговиот грчки колега. Груевски не ги коментира реакциите на грчкото министертво за надворешни работи дека Македонија ги оспорува преговорите за спорот со името.